Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека движењето „Black Lives Matter“ има големо влијание по неговото возење и инспирација во изминатата сезона.

Хамилтон посочи дека работите треба да се променат и гласно да се зборува за фактичката состојба со која се соочуваат неговите сограѓани не само во Англија туку и во целиот свет.

„Кога ќе раснете во Велика Британија, најмногу учите за историјата на белите луѓе. Едноставно е така. Не смееме ова движење за затаи. Мораме да го одржуваме, и тоа да донесе промени. Во замка сме затоа што историјата не може да се соопшти без конфронтација за двете работи за кои во оваа земја не сакаат да зборуваат. Една е ропството, другата е насилството на империјата.“- вели Луис Хамилтон.

Британецот побара да се промени пристапот кон изучувањето на историјата во училиштата и децата да добиваат повеќе информации за работи кои до пред две,три декади биле забранети.