Со гласовите на возачите на Формула 1, Луис Хамилтон е избран за најдобар возач во 2019 година. Возачот на Мерцедес оваа година по шести пат ја освои шампионската титула, а беше избран за најдобар во 2019 година и во гласањето на шефовите на тимовите во Формула 1.

Втор е Макс Ферстапен од Ред Бул, кој, пак, е избран за најдобар во 2019 година, со гласовите на фановите на официјалниот сајт на Формула 1. Трет е возачот на Ферари Шарл Леклер.

Гласаа сите возачи на Формула 1, освен пилотите на Мерцедес и Ферари, а не гласаше и Кими Рајконен од Алфа Ромео

Топ 10 возачи:

01. Луис Хамилтон (Мерцедес)
02. Макс Ферстапен (Ред Бул)
03. Шарл Леклер (Ферари)
04. Карлос Сајнс-помладиот (Макларен)
05. Валтери Ботас (Мерцедес)
06. Даниел Рикардо (Рено)
07. Ландо Норис (Макларен)
08. Себастјан Фетел (Ферари)
09. Џорџ Расел (Вилијамс)
10. Пјер Гасли (Ред Бул/Торо Росо)