Возачот на Мерцедес и третопласиран на денешната трка за ГН на Унгарија, Луис Хамилтон  ги загрижи сите, бидејќи делуваше без здив и уморен по трката, и не беше ништо подобар на подиумот, па беше испратен на прегледи .

На подиумот му помогна Естебан Окон, и на крајот на краиштата, Мерцедес објави дека отишол на медицински прегледи.

„Луис Хамилтон во моментов е на медицински прегледи, има проблем со замор и блага вртоглавица“ – објавено е од Мерцедес.

По прегледот, Хамилтон рече дека имал повремени здравствени проблеми откако го имал коронавирусот во декември минатата година.

„Се чувствував прилично лошо, силна вртоглавица и се на подиумот стана малку замаглено. Од почетокот на годината се борам со здравјето по се што се случи на крајот на 2020 година. Таа борба сеуште трае “- рече Хамилтон по прегледот на прес -конференцијата, и, како што вели, се сомнева дека страда од „долг ковид“, феномен на кој  се жалат голем број на луѓе кои имале коронавирус и што се рефлектира во голем број различни здравствени проблеми со различен интензитет во пост-ковид периодот.