Актуелниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон наскоро ќе го продолжи договорот со Мерцедес и ќе стави крај на шпекулациите за евентуалното негото заминување од овој Ф1 тим.

Според последните најави, преговорите меѓу Хамилтон и Мерцедес се пред крај. Хамилтон ќе стави потпис на нов трогодишен догоговор според кој ќе заработи 120 милиони фунти.

Хамилтон денеска тргнува од првото место на трката во Сочи, со победа ќе го израмни рекордот на Михаел Шумахер по бројот на триумфи во Формула 1 шампионатот.