Актуелниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон од Мерцедес победи на воведната трка од новата сезона откако беше најбрз на трката во Бахреин.

Британецот постави рекорд со најмногу кругови во кариерата на кои водел.

На подиумот уште се искачија и Макс Ферстапен од Ред Бул, и Валтери Ботас од Мерцедес.