Актуелниот светскиот првак во Мото ГП Марк Маркез, славеше на трката за Големата награда на Арагона. Шпанецот повторно покажа доминантни перформанси во својот 200 настап во „кралската“ категорија.

Втор на целта стигна Андреа Довициозо од Дукати, а најниското место на пиедесталот му припадна на Чек Милер. Губитник на денот е Маверик Виљалес, кој на два круга до крајот беше зад Маркез, но направи неколку грешки во серија и заврши како четврти.

Маркез доминира и во генералниот пласман и сега со 300 бода има 98 повеќе од второпласираниот Довициозо, додека трет е Риск со 156 бода. Мото ГП сезоната продолжува на 6 октомври со трка за Големата награда на Тајланд.