Докторите  дадоа зелено светло и Марк Маркез се враќа во шампионатот во Мото ГП по девет месеци.

Осумкратниот светски шампион ќе  вози на ГП на Португалија на 18 април, а тоа ќе биде негова прва  трка од 19 јули минатата година, кога во Херез сериозно ја повреди надлактицата.

– „Отидов на лекар и ми рекоа дека можам да возам. Беа тешки девет месеци, моменти на неизвесност, подеми и падови и сега можам да уживам во мојата страст“. Се гледаме во Портумау – напиша Маркез на Твитер.

Репсол Хонда изјави дека коската на Маркез сега е во многу задоволителна состојба и дека евидентен е напредок во закрепнувањето.