Пред една недела беше потврдено дека Себастијан Фетел го напушта Ферари по петсезонска соработка.

Германецот не успеа да освои титула со тимот од Маранело, а многумина го обвинуваа Фетел за тоа, сметајки дека пред две сезони, имаше болид за титула, но поради лични грешки тој не успеа во тоа.

Но Маса не смета така, бразилскиот ас смета дека за него не е изненадување што Фетел го напушти Ферари.

„За мене тоа не е изненадување, мислам дека доколку останеше во тимот, требаше да биде 100% сигурен дека сака да остане, но исто така тоа и тимот треба да го посакува. Сега е негова дилемата дали ќе остане во Ф1 или не, мислам дека тој е добар возач, човек кој е секогаш фокусиран на она што го посакува, но исто така не би бил изненаден доколку сака да се повлече“.

“Но да бидам искрен, мислам дека на местото на Саинц требаше да дојде Рикиардо, односно јас го очекував. Треба да се почитува одлуката на Биното, тој одлучи да го ангажираат Саинц“, порача Фелипе Маса.

Бразилецот исто така беше на бод од титула 2008 година, кога во последните 500 метри од Интерлагос, Хамилтон успеа да го симне од провизорниот шампионски трон.