Најтрофејниот Ф1 возач на сите времиња, Михаел Шумахер, кој пред нецели 7 години, имаше страшен пад при скијање на француските Алпи и понатаму се бори за својот живот.

Според многу (не)релевантни авто-мото медиуми низ Европа, се пишува дека Германецот е скоро во вегетативна состојба и дека само неговото семејство ја знае неговата точна дијагноза, а од време навреме низ медиумите продира по некоја ситна информација за состојбата на црвениот барон.

Сега еден од поранешните колеги на Шумахер во Ферари, Фелипе Маса, реши да прокоментира нешто повеќе.

„Ги имам информациите, знам во каква ситуација е Шуми. Ситуацијата воопшто не им е лесна, и тоа треба да го почитуваме, приватноста на неговото семејство. Се познавам со Корина добро и се молам за неговото здравје, но не сум тој кој што треба да ги открие деталите“, порача бразилскиот ас, кој во 2008 година, за бод загуби титула од Луис Хамилтон во Бразил.