Двократниот шампион од Формула 1, Мика Хакинен, предвидува дека 2020 година ќе биде сезоната кога Валтери Ботас може да стане светски шампион.

Хакинен кој своевремено освои две титули во Ф1 со Мекларен-Мерцедес (1998 и 1999) сега предвидува дека неговиот сонародник Ботас е подготвен од кога и да било и дека може да биде шампион годинава.

„Валтери има одлична позиција во Мерцедес, тој е голем возач, сигурен сум дека сега е подобар од било кога. Имаме екстремно високи очекувања за него да биде шампион оваа година. Тој работеше напорно сите овие години и го заслужува тоа“, порача Хакинен.

За Ботас пред некој ден се појави шпекулација дека доколку сезонава не забележи позапазени резултати, Мерцедес ќе го ослободи неговото место и таму ќе го „инсталира“ Себастијан Фетел од идната сезона.