Британскиот пилот во Формула 1, Луис Хамилтон со Мерцедес изминатиот ја прослави 6 титула светски шампион во најбрзиот авто-мото спорт.

Успехот на Британецот го имрпесионираше и поранешниот претседател на Ферари, Лука Монтеземоло.

„Има неверојатна способност да се прилагоди на потребата на патеката. Многу е брз, знае како да ги користи предноатите  и да ги одбегне недостатоците. Јас лично би сакал да го видам во Ферари“- изјави Монтеземоло.

Со 87 пол позиции Хамилтон е апсолутен рекордер, има 83 победи, осум помалку од легендарниот Шумахер, а на подиумот се искачи дури 150 пати.