Марк Маркез славеше на последната трка од шампионатот во Мото ГП во Валесија за големата награда на Шпанија. Старо-новиот шампион во кралската класа одново беше доминантен и покажа дека во последните неколку години е без конкуренција.

На второто место заврши Фавио Квартараро кој стартуваше од пол позицијата, а третото место го заземе Џек Милер. Во првите 5 завршија и Довициозо и Рингс.

За Маркез ова беше 12 победа сезонава, а притоа имаше уште 6,втори места и без поголеми проблеми стигна до 7 титула во Мото ГП.