Трките во рамки на Светското првенство во мотоциклизам коишто требнаше да се возат во  Аргентина, Малезија и на Тајланд се откажани поради корона вирусот, а дополнително ќе биде вклучена уште една трка на европско тло, соопшти денеска официјално Мото ГП.

Поради светската пандемија на корона вирусот, како и ограничувањата кои се на сила во авионскиот сообраќај, МотоГП ги откажа  Gran Premio Motul de la Republica Argentina, OR Thailand Grand Prix како и Shell Malaysia Motorcycle Grand Prix.

По Големата награда на Валенсија, ќе биде одржана уште една трка во Европа, и тоа на 22 ноември, а одлуката за мотодромот ќе биде донесена на 10 август.