Рио де Женеиро повторно ќе биде дел од Мото ГП циркузот. Челниците на Мото ГП потпишаа пет годишен договор со властите на Рио и од сезоната 2022, Бразилците повторно ќе имаат можност да ги гледаат најдобрите возачи на две тркала во светот.

Рио последен пат беше домаќин на стартот на сезоната 2004/05 на патеката  „Жакарепагуа“, која беше срушена како резултат на инфраструктурен проект за Летните олимписки игри во 2016 година.

Новиот „Рио Моторпарк“, ќе биде во должина од 4,5 километри, а треба да биде готов на почетокот од следната година.