Поради силниот ветер на патеката во Лонг Ајленд, откажани се квалификациите во Мото ГП класата за ГН на Австралија.
Иако денеска беа предвидени според програмата официјалните квалфикации, мотоциклистите побараа и добија дозвола да се одложат поради силниот ветер.
Ова значи дека во период од 5 часа утре наутро, мотоциклистите во „кралската“ класа ќе имаат загревање, квалификации и трка.
Доколку не се одржат квалфикациите за офоцијални ќе се сметаат резултатите од слободните тренинзи, според нив, пол позицијата ќе ја има Маверик Вињалес пред Довициозо и Крачлоу.
Интересно е тоа што, Вињалес во Катар во 2017 година на идентичен начин дојде до пол позиција.
Comments are closed for this post.