Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен нема да биде казнет поради инцидентот со Шарл Леклер,одлучија судиите по повеќе од три часа после вчерашната трка за Големата награда на Австрија.

Инцидентот се случи во 69 круг во момент кога Ферстапен во борба за првото место имаше контакт со возачот на Ферари, Леклер.