Јубилејната 70-та сезона на Формула 1 шампионатот почнува на 15 март, одлучи меѓународната федерација за автомобилизам.

Извршниот директор на Формула 1 Чејс Кери денеска објави дека следното светското првенство ќе стартува на 15 март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Со трката за Големата награда на Австралија, по 25 пат сезоната на Форлмула 1 ќе стартува од Мелбурн. Инаку, се уште не е објавен остатокот на календарот на трките за 2020 година.