Потврдено е дека Мото ГП во Шпанија и Италија се одложени, ова е одлуката на организаторот на натпреварувањето поради коронавирусот.

Ова е само продолжување на одложувањата на воведните трки од новата сезона која требаше да започне на 8 март во Катар но поради пандемијата со Ковид-19 се се одложи.

Засега нема потврди дали е предвиден нов календар и како би изгледал истиот но најавено е дека новата сезона нема шанси да започне пред средината на јуни.