Стазата во Асен на која се вози ГН на Холандија во Мото ГП нема да се вози во предивдениот термин на 28.јуни.

Иако, нема официјална информација од Мото ГП, челниците на оваа стаза порачаа дека оваа трка нема да се вози поради мерките на холандската Влада. Власта во Холандија донесе одлука да нема масовни собир до почетокот на септември.

Картите на навивачите ќе имаат важност за моментот кога ќе се одржи оваа трка, а тоа се очекува да биде на есен или наредната сезона. По сегашниот календар прва трка во Мотог ГП циркузот ќе биде трката за ГН на Финска на 12.јули.