Светската мотоциклчка федерација и Дорна потврдија дека трките за Големите награди во Италија и Каталонија се одложени поради пандемијата од КОВИД-19.

Актуелната сезона во светскиот шампионат во Мото ГП започна со откажување на трките во Катар, а подоцна иста одлука донесоја и на трките во Аргентина, Тајланд САД за кои се пронајдени нови датуми, додека трките во Херез и Ле Ман не се знае кога ќе се одржат.

За сега е познато дека нови датуми ќе мора да се најдат и за трките во Муџело и Каталуња кои требаше да се возат на 31.мај, односно на 7. јуни. Прва трка која по распоредот прва би се возела е трката за Големата награда на Германија на 21.јуни.