Сезоната во Формула 1 ќе започне во Австрија на 5.јули, потврдија организаторите. Покрај оваа трка годинава ќе се возат уше седум трки.

Во официјалното соопштение се наведува дека шампионатот ќе започне со две трки во Австрија на 5.и 12.јули, додека веднаш потоа ќе се одржи и трката за Големата награда на Унгарија на 19.јули.

Потоа следува двонеделна пауза, по што во серија ќе се возат трките во Велика Британија, Шпанија, Белгија и Италија.

Плановите за остатокот од сезоната не се објавени со обзир дека неизвесно е како ќе се одвива ситуацијата околу Коронавирусот низ остатокот од светот.