Шпанецот Карло Саинц и официјално ќе биде дел од тимот на Ферари. Ова го потврдија денеска од италијанскиот Ф1 состав.
Саинц е директна замена за Себастијан Фетел, Германецот од претходно потврди дека нема да остане во Ферари.
Преговорите меѓу повеќекратниот Ф1 првак и Саинц траеа околу 48 часа.
„Возбуден сум што ќе бидам дел Скудериа Ферари од следната сезона (2021), за мене ова е голема чест да бидам од овој моќен тим„ – изјави Саинц.
Comments are closed for this post.