Најдобрите мотоциклисти на светот требаше на 3.мај да возат во Херез на патеката „Анхел Нијето“ на трката за големата награда на Шпанија, но истата е одложена поради пандемијата од Коронавирусот.

Дорна и Светската мотоциклистичка федерација објавија дека трката ќе се одржи во друг термин. Покрај оваа претходно беа откажани и трките во Катар, Аргентина  САД.

Сезоната се очекува да започне на 17.мај во Ле Ман, но и за оваа трка не е исклучена можноста да биде одложена, а се зависи од ситуацијата со КОВИД-19.