Организаторот на Формула 1 трката во Холандија потврди дека овогодинешната трка на патеката „Зандворт“ е откажана.

Оваа сезона требаше да биде историска поради враќањето на оваа стаза на Ф1 календарот по 35 години во Холандија.

Ова е четврто откажување на трка за новата сезона, преместени беа уште шест. Сезоната според последните најави се очекува да започне во Австрија на 5 јули но ништо не е исклучено како и целосно поништување.