Формула 1 екипата Мекларен се договори со Мерцедес и од 2021 година ќе ги користи нивните мотори.

Нивната соработка се обновува по седум години, а претходно Мекларен ги користеше моторите на Мерцедес од 1995 до 2017 година.

„Овој договор е многу важен чекор во враќањето кон успесите. Мерцедес е лидер и како тим и како погонски агрегат, па логично е да воспоставиме соработка со таа компанија.“ – вели шефот на Мекларен, Зек Браун.