Oд супер-драматичната трка за Големата Награда на Германија што се возеше денеска на патеката „Нирбургринг“ како победник заврши Макс Ферстапен.

Возачот на Ред Бул најдобро се снајде на тешките услови и максимално користејќи го лошиот ден на возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кои останаа без бодови на германското гран-при.

Максимални комплименти заслужува Себастијан Фетел, кој ја почна трката од последното место, а на крајот стигна до втората позиција.

Хаос настана на дваесетина круга пред крајот, кога речиси сите болиди поради новите климатски промени тргнаа да ги менуваат болидите.

Строл го стори тоа нешто претходно, па максимално профитираше и за момент се најде и на чело на колоната. Ферстапен набрзо се врати на првото место, а во прилог на асот на Ред Бул одеше и ситуацијата со ривалите од Мерцедес.

Хамилтон поради проблеми со болидот се најде во последниот ред, додека Ботас во обид да го стигне Ферстапен излета од патеката на шест круга до крајот.

Холанѓанецот на крајот заслужено стигна до втората победа сезонава, пред одличниот Фетел и Квијат, зад кого следеа Строл, Саинц, Албон, Раиконен, Џовинаци.

После оваа трка на чело во генералниот пласман прв е Британецот Луис Хамилтон со 223 бода,пред Ботас кој има 184 бода и Ферстапен кој е трет и има 162 бода.

Наредната трка во Ф1-шампионатот се вози на Хунгароринг во Унгарија, на 4 август.