Британскиот формула 1 возач Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за ГН на Германија.

Актуелниот шампион го искористи пехот што се случи на Ферари и заврши прв. Поради проблеми со болидот Себастијан Фетел ќе стартува од последното место, а Шарл Леклер како 10-ти.

Ферари доминираше на тренинзите, но попладнево во им се случи катастрофа. Најпрво Себастијан Фетел не постави време поради проблеми со болидот и утре ќе стартува од последното место.

Потоа во последниот дел од квалификациите, Шарл Леклер не излезе од боксот откако откаже нешто во неговиот болидот па ќе стартува како 10-ти.

Во отсуство на двајцата возачи на Ферари, Луис Хамилтон стигна до пол позиција со време од 1:11.767.

Макс Верстапен имаше второ најдобро време, а последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас.

Потоа следуваа Пјер Гасли, Кими Раиконен, Роман Грожан, Карлос Саинц, Серхио Перез и Нико Хулкенберг.

Трката се вози утре и ќе започне од 15,10 минути.