Поради актуелната ситуација со коронавирусот во Кина, најверојатно ќе се одложи трката од Формула 1 за ГН на Кина.

Трката според календарот на Ф1 треба да се одржи на 19 април, раководството на Формула 1 размислуваат да ја одложат.

Одлуката се очекува да се донесе во следните неколку дена, директорот на Ф1, Рос Браун информираше дека најверојатно трката заГН на Кина ќе биде одложена поради ситуацијата со коронавирусот, но одлуката официјално ќе биде соопштена за два до три дена.