Хелмут Марко кој во минатото беше еден од првите луѓе во Ред Бул, смета дека Себастијан Фетел нема индина во Ферари. Ферари во последниот период ја подигна формата, но на последното Гранд При во Сочи малерозниот Фетел ја заврши трката поради дефект на болидот.

„Немаше потреба Ферари така да реагира и да ја решава трката, тоа само може да придонесе да ги повредите вашите возачи поради тимските наредби. Ферари неколкупати го жртвуваат Фетел, иако е најбрз на патеката. Поради тоа сметам дека тој нема повеќе иднина во Ферари“, констатира Марко.

Леклер кој стартуваше од пол, беше престигнат од Фетел на првиот свиок и навидум се беше идеално за Ферари по првите 25 кругови, но потоа почна Мерцедес да ја плете својата стратегија за нова еден-два победа и големо разочарување кај фановите на Ферари.