Германските медиуми пишуваат дека Себастијан Фетел е во преговори со екипата на Рејсинг Поинт за трансфер од нарендата година. Овој тим чија сопственотст е на канадскиот бизнисмен Лоренс Строл нареднаа сезона ќе го носи името Астон Мартин.

Како што е познато Фетел по крајот на сезоната го напушат Ферари, а пред неколку дена тој изјави дека многу веројатно ќе ја заврши кариерата, пред се поради тоа што нема многу слободни места во тимовите низ Ф1.

Сепак, „Билд“ пишува дека Германецот е во интензивни преговори со Строл, кој прави се да ја продолжи кариерата на Германецот во која четири пати беше светски првак во Ф1 циркузот. Тој треба да дојде на местото од Перез, кој не ги оправда очекувањата и ќе биде отпуштен од тимот на Строл.