Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, верува дека Карлос Саинц има капацитет да победува во Ферари и дека сигурно Шарл Леклер нема да има комотна позиција во тимот по заминувањето на Фетел.

Саинц од Мекларен се сели во Ферари идната сезона, што е секако огромен скок во неговата кариера, но допрва тој ќе треба да се докажува како и Леклер минатата сезона.

„Доколку видите во минатото, се сеќавам на еден глуп инцидент кога возеше за Торо Росо кој го имаше во 2017 година, во Бахреин пред излегување од бокс. Не правеше такви почетнички грешки кои ги очекувате од млад возач. Тој покажа вистинска зрелост и брзина, да не заборавите дека Саинц имаше лош почетокот на сезоната, во првите неколку трки не освои ниту бод“.

„Имаше добра соработка со Ландо Норис, но мислам дека и во Ферари ќе биде доста добар, дека ќе го намачи Леклер во дуелите. Мислам дека добро ќе се вклопи во тимот и доколку имаат болид за победи, мислам дека Карлос ќе победува, нема да се согласи со улогата на возач број 2“, рече Браун.