Познат е распоредот на трките во Мото ГП шампионатот за 2020. година. Сезоната ќе има рекордни 20 трки, а како и обично сезоната стартува со трката во Катар на 8 март. Потоа следат трките во Тајланд, Остин и Аргентина, а од 3 мај почнува серија на трки кои ќе се одржат во Европа.

Најпрво ќе се вози во Херес, потоа во Ле Ман, Барсеола, Захсенринг, Асен, на 12. јули би требало да се вози во Финска на Кимиринг, за потоа и во Брно. По овие трки следи еден месец пауза во летниот перод. Во вториот дел од сезоната следи Шпилберг, Силверстоун, Мизано и Арагон.

Во Јапонија трката е закажана на 18. октомври, следна е таа во Австралија. На 1. ноември најдобрите тркачи ќе бидат во Малезија, а завршницата на сезоната е во Валенсија.

Марк Маркес освои шест од последните седум титули, од кои четири во низа. На Италијанецот Валентино Роси можеби ова ќе му биде последна сезона, а тој досега има девет титули, од кои седум во најсилната класа.