Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон постигна најбрзо време во квалификациите пред трката во Формула 1 за Големата награда на Унгарија.

Актуелниот светски шампион во кариерата стигна до 101 пол -позиција со време од 1:15.419 минути, додека неговиот тимски колега Валтери Ботас го зазеде второто место (0.315 секунди заостанување).

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен (0.421) ќе биде трет на утрешната трка, додека четврти заврши клубскиот колега на Верстапен  возачот на Ред Бул, Серхио Перез (1.002), кој не успеа да го започне последниот брз круг.

Останантите возачи кој завршија помеѓу првите десет се:  Пјер Гасли (Алфа Таури), Ландо Норис (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Естебан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо (Алпин) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).

Квалификациите беа прекинати во 6:40 минути пред крајот на вториот дел, откако возачот на Ферари, Карлос Саинц излета од патеката и со автомобил ја погоди заштитната ограда.

Трката за Големата награда на Унгарија се вози во недела во 15 часот.