Луис Хамилтон победи на драматичната трка на „дупнати гуми“ на Силверстоун, два болиди имаа идентични проблеми со левото предно тркало, гумите едноставно „експлодираа“.

Британецот на Мерцедес дојде до 87 победа во кариерата, на четири помалку е од рекордот на Михаел Шумахер.За Хамилтон ова е седма победа на Силверстоун.

На второто место на оваа невообичаена трка се пласира Ферстапен, на третото место трката ја заврши Леклер.

Интересно е што Ботас делуваше сигурно и беше втората позиција, но Финецот се соочи со голем проблем, му пукана левата предна гума, и на крајот го освои само 11. место.

Следната трка во Ф1 ќе се вози наредниот викенд, повторно на патеката „Силверстоун“ во Велика Британија.