Хелмут Марко, еден од водечките луѓе во Ред Бул, истакна дека гласините кои доаѓаат до Ф1 кулоарите, дека Себастијан Фетел се подготвува за кам-бек во Ред Бул, не се вистинити.

По објавувањето дека заминува од Ферари по крајот на оваа сезона, останува отворено прашањето каде ќе вози Фетел идната сезона и дали воопшто ќе вози.

Опција постои за во Рено, но шпекулациите изминатиов период го поврзуваа и со Ред Бул, но Марко најави:

„Фетел нема место кај нас. Задоволни сме со Алекс Албон, кој што половина е од Тајланд, а 51% од тимот им припаѓа на луѓе од Тајланд“.

Марко сепак му даде и совет на Фетел:

Да сум на местото на Фетел, би земал една година пауза и би ги согледал внимателно работите. Можеби нешто да се поправи во таа година, можеби тогаш ќе има подобар преглед на работите, можеби ќе му се допадне семејниот живот со неговите.“ – истакна Марко.