Нашиот млад автомобилист автомобилист Ристо Вуков Рико, викендов го очекува втората трка од сезоната во Порше Карера ГТ3 Купот на Италија со тимот на ГДЛ Рејсинг.

Првата трка ќе се вози под рефлектори, на 1 август во 22 часот, а втората е на програмата во недела со почеток во 12:50 часот. Пренос од двете трки ќе биде емитуван во живо на МРТ3.

По деби трките во Муџело каде што во два наврати заврши во Топ 10, како 9-ти и 10-ти, желбите и очекувањата на Вуков се да има уште подобар пласман.