Возачот на Хонда и трикратен светски шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренцо вчера објави крај на кариерата, а оваа негова одлука ги изненади сите љубители на овој спорт.

Тој пред викендот во Валенсија, на пресконференција која сам ја свика за медиумите, откри дека се повлекува и тоа беше еден вид на шок за публиката. Тој изјави дека веќе нема сила да се бори со повредите кои ги имаше во последните две години.

Оваа одлука го вознемири и Валентино Роси со кој беа клубски колеги во Јамаха.

Мото ГП губи важен возач, важен дел од овој спорт. Хорхе е секако голем возач, ќе недостасува многу. Хорхе беше еден од најдобрите мои ривали низ кариерата, имавме доста чисти битки и горд сум на тоа, беше одличен тимски колега и влијаеше со голем мотив на мене и останатите. Штета навистина, Мото ГП губи многу“- истакна Роси.