Марк Маркез последните години опасно го загрози статусот на Валентино Роси како најдобар во историјата, а шпанецот на домашното ГП во Арагон, настапи 200 трка во „кралската класа.“

Аналитичарите направија пресек на неговите успеси, а според истите шпанскиот шампион е помалку успешен во истиот период од големиот ривал Валентино Роси.

Членот на Хонда победува на секоја трета трка, а освојува пол-позиција на секој втор настап. Досега има остварено 78 победи, 129 пати бил на подиумот и освоил 89 први места на квалификациите.

За разлика од него, Италијанецот на Јамаха во првите 200 трки во „кралската“ класа запишал 91 победи и 141 пласмани на пиедесталот. „Докторот“ го прослави овој јубилеј во далечната 2008 година кога победи на „Донингтон Парк“ во Велика Британија.

Маркез, сепак, има само 26 години, а Роси во тој период беше три години повозрасен.