Легендарниот 41-годишен италијански мотоциклист Валентино Роси потпиша нов, едногодишен договор со екипата на „Петронас Јамаха“ со која и следната година ќе се натпреварува за титулатаа светски првак во Мото ГП.

Во соопштението на „Јамаха“ се наведува дека седумкратниот светски првак ќе има целосна поддршка во новата сезона.

„Долго размислував пред да ја донесам одлуката, бидејќи предизвиците се се поголеми. За да бидете во врвот на Мото ГП морате многу и напорно да работите, секој ден да тренирате и да водите спортски живот. Јас тоа се уште го сакам и сакам да возам“, изјави Роси.