Како што веќе јавноста е информирана, по завршувањето на 2020 сезона, Карлос Саинц се сели во боксот на Ферари, на местото на Себастијан Фетел.

Многумина таа смена во таборот на Ферари ја протолкуваа како несериозен потег, пред се нејасен, бидејки сметаат дека за разлика од Саинц, има поискусни возачи кои би можеле да го возат црвениот болид, а со Леклер заедно во ист тим ќе бидат една од најмладата двојка која вози во ист тим во Ф1.

Но Саинц пред да дојде во Ферари, има за возење уште една сезона во Мекларен, на кој му посакува да се врати на голема врата од идната сезона.

„Навистина сакам Мекларен да оди напред, да го следи трендот и сето она што го сработевме минатата година. Не сме сигурни колку ќе напредуваме годинава, се уште не знаеме каде сме, чекаме сезоната да почне. Сакам да им кажам на Мекларен збогум на најдобар можен начин, ќе дадам се од мене за да имаме добра сезона. Следната сезона ќе бидам дел од Ферари, што ме прави неверојатно среќен, но не би ме направило ништо посреќен од тоа што посакувам во 2021 година Мекларен повторно да биде дел од врвот во Ф1 и повторно да победува.“- изјави Саинц.