Деновиве беше објавена новата соработка на Мекларен со Даниел Рикиардо, кој доаѓа на две сезони од Рено, но сите оние кои мислеа дека новиот возач од идната сезона ќе биде прв возач, пред Ландо Норис, погрешија.

Тоа веќе го посочија директно од врвот на Мекларен, што можеби е малку и сурово, за возач кој се уште не пристигнал во гаражата на британскиот Ф1 тим.

„Се додека сум јас шефот, никој нема да го има називот број 1, тоа сигурно нема да биде Рикиардо. Доколку мора да одите по некој долг пат, како ние што бевме во минатото, тогаш мора да имате двајца квалитетни возачи, но мора да бидат подеднакви, исто како и Саинц и Норис“, истакна Андреас Сејдл, еден од шефовите во Мекларен за Скај Спорт.

По објавите дека Рикиардо доаѓа во Мекларен, јавна дебата меѓу фановите на Ф1 и Мекларен беше дека Норис ќе биде колатерална штета, односно дека ќе биде жртва на поискусниот во Формула 1, кој има искуство и од Ред Бул, но тоа веднаш беше демантирано.