Престижното рели „Дакар“ во недела ќе ја започне овогодинешната спортска приказна. Саудиска Арабија е домаќин на настанот кој ќе трае до 15 јануари.

Стартот и целта ќе биде во Џеда, пристаништен град на брегот на Црвеното Море.

Вкупно 322 натпреварувачи ќе возат со автомобили, мотоцикли и камиони низ песочни дини и пустинските предели во Саудиска Арабија, која првпат во историјата ќе биде домаќин на релито „Дакар“

Учество најавија многу познати имиња, вклучувајќи ги Шпанците Нани Рома, поранешен победник во конкуренцијата на мотоцикли и автомобили, трикратниот победник и бранител на титулата Карлос Сајнц, како и деветкратниот светски првак во рели, Французинот Себастијан Лоеб.