Михаел Шумахер со големо обезбедување неодамна беше пренесен во болница во Париз, официјани информации за состојбата на Германецот нема, шпекулации има многу.

Се огласи и докторот кој го лекуваше во Париз, Филип Менаш, демантираше дека користел експериментални методи во лекувањето на Шумахер.

„Не сум вошебник и не можам да направам чудо. Јас со мојот тим не правам никакви експерименти, овој термин за нас не постои. Имаше вистинска медиумска експлозија,разни шпекулации, медицинита многу напредуваше, но никој не е волшебник“ – изјави Менаш.

Доаѓањето на Михаел Шумахер во Париз е голема мистерија пишуваа медиумите од Франција.

Германецот бшее во оделот за кардиохирургија според оскудните информации, но ситуацијата е „строго доверлива тајна“.

Во јануари годинава Михаил наполни 50 години, а не е виден во јавноста по неговата несреќа на Алпите пред пет години.

Шумахер тогаш заработи тешки повреди на главата удирајќи во карпа, по што неколку месеци беше во кома.