Ромен Грожан имаше страотен инцидент на трката за ГН на Бахреин, возачот на Хас ќе остане во болница поради повредите добиени на оваа трка.

Французинот се огласи со видео порака, потврди дека се наоѓа во добра состојба.

„Здраво на сите. Само сакав да ви кажам дека сум добро. Добро не баш целосно ОК. Ви благодарам на сите за пораките. Да не беше „хало“ системот, една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие години, веројатно немаше да бидам тука и да зборувам пред вас. Му благодарам на медицинскиот тим тука во болницата, се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“, изјави Грожан. 

 

ВИДЕО од инцидентот на Грожан: