Првиот човек во боксот на Ферари, Матија Биното, истакна дека би му било мило доколку го види Себастијан Фетел во Мерцедес.

Пред две недели Ферари и Фетел ја потврдија својата разделба по крајот на оваа сезона која допрва треба да почне, а после останува неизвесно дали ќе има место за германскиот возач во некој друг тим или ќе се повлече.

Иако има различни шпекулации, меѓу кои и оние кои тврдат дека има шанси да се пресели во Мерцедес, но според зборовите на Биното, би му било мило да го види Себастијан во Мерцедес.

Ферари има многу причини да го сака Себастијан како човек и возач, тој е дел од нашиот тим, нашиот проеокт, така да одлуката не беше едноставна. Себастијан беше наша прва опција, а потоа се случи КОВИД19 кој промени многу работи. По правилата кои се донесени, моравме да направиме ревизија, беше тешко, но моравме тоа да го сториме. Не е вистина дека Фетел си замина поради трајноста на договорот, едноставно работите се променија и гледаме кон нов циклус. Би ми било мило да го видам во Мерцедес, би бил среќен поради него“, порача Биното.