Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, „потпиша“ со тимот на Мекларен во Формула 1, со кој ќе вози виртуелна ГН на Монако, низ патеките на Монте Карло.

Обамејанг ќе биде тимски колега заедно со 20 годишниот Ландо Норис на виртуелного ГП оваа недела кое ќе се вози.

Со оглед на глобалната ситуација во светот со Ковид19, најталентираните луѓе и дел од возачите во Ф1, веќе се дел од виртуелната Ф1 сезона, тоа претходно го направија и напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и голманот на Реал, Тибо Куртоа.

Сега на ред е 30 годишниот Габонец од Арсенал да застане барем на момент зад воланот и да искуси уште еден спорт, кој иако е виртуелен, е сепак ново искуство, барем кога не се игра се уште фудбал.