Скај Спорт од Германија тврди дега Сбастијан Фетел и Ферари ќе ја завршат соработката оваа година.

Двете страни, Фетел и Ферари не постигнале договор соработката да продолжи, преговорите пропаднале, договорот на Германецот завршува оваа година.

Деталите зошто нема договор не се познати, се шпекулира дека 32. годишниот Фетел не е задвоволен од понудената плата, и должината на новиот договор.

Фетелчетири пати во минатото беше светски шампион (2010, 2011, 2012 и 2013), во Ферари е од 2015 година, во кариерата има 53 победи во Формула 1.