Двојниот светски првак, Фернандо Алонсо од следната сезона повторно ќе биде дел од Формула 1 шампионатот, јавува Би-Би-Си.

Шпанецот се прослави со возењето во Рено а во кариерата возеше и за Минарди, Мекларен, Ферари и Рено. До титулите во Ф1 стигна во 2005 и 2006 година.

Алонсо пред две години реши да ја напушти Ф1 но извесно е дека одново ќе се врати и тоа во болидот на Рено.