Возачот на Формула 1 тимот, Ред Бул, Серхио Перес верува дека со новиот болид во престојната сезона има доволно потенцијал за одличен резултат.

„Можам да речам дека има многу потенцијал. Условите за развој не беа сјајни, но добро е по првата проба. Прилично е возбудливо, на почетокот на оваа недела го возев РБ15, а сега го возев новиот болид и можам да кажам дека е направен исчекор по однос на темпото и брзината.“ – изјави Перес.

Официјалните тест возења за новата сезона во Ф1 се закажани од 12 до 14 март, а новата сезона треба да започна на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин.