Германецот Нико Хулкенберг e замената за Серхио Чеко Перез во Рејсинг Поинт на трката за Големата награда на Британија.

Перез е позитивен на Ковид-19, Рејсинг Поинт донесоа одлука германскиот возач Хулкенберг кој има најмногу стартови во Формула (179)  да биде негова замена.

Хулкенберг до минатата сезона беше пилот на Рено, а оваа сезона за прв пат ќе се појави на патеката во тимот на Рејсинг Поинт.